ТП Крис Конто Ревизија е основано во Октомври 2022 година со седиште во Куманово. Приоритетна дејност на ТП е вршење на сметководствени, книговодствени, ревизорски работи и даночно советување. Главна приходна шифра: 69.20.
Основач и сопственик на ТП Крис Конто Ревизија е Кристина Младеновска. Таа дипломирала во 1998 на Економски факултет - Скопје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, со што стекнува титула Економист од областа на Финансии и банкарство. Кристина како амбициозна, трудољубива личност својата кариера ја започнува уште при крајот на нејзините студии. Таа остава трајни успеси извршувајќи ги своите работни активности во сметководството како овластен сметководител и во ревизијата.
ТП Крис Конто Ревизија има за цел квалитетно и посветено извршување на барањата и потребите на своите клиенти во однапред дефинирани крајни рокови.